Шахтјор си закажа дуел со Интер, Окампос е херојот на Севилја

Шахтјор Доњецк неочекувано лесно триумфираше со убедливи 4-1 на дуелот со Базел, осигурувајќи си го пласманот во полуфиналето од Лигата на Европа. Украинците целата работа ја завршија уште во првиот дел од првото полувреме, резултатот беше отворен веќе во 2. минута, кога Мораеш се најде на вистинското место по корнерот од десната страна и ја затресе мрежата на Базел. Швајцарскиот клуб мораше да ја отвори играта, а Шахтјор го искористи тоа и во 22. минута преку Тајсон зголеми на 2-0.

На 3-0 во второто полувреме зголеми Патрик со прецизно изведен пенал, Додо погоди за 4-0 во 88. минута, а конечните 4-1 во судиското продолжение ги постави Ван Волфсвинкел. Противник на украинскиот шампион во полуфиналната пресметка ќе биде екипата на Интер.

Севилја е последниот полуфиналист во ова натпреварување откако шпанскиот тим по огромна битка славеше над Вулверхемптон со 1-0. Окампос беше стрелец на голот за победа во 88. минута, но мора да се истакне дека „волците“ во првото полувреме не реализираа пенал, Боно го запре обидот од белата точка на Хименез откако Траоре беше соборен во противничкиот шеснаесетник.

Севилја во полуфиналето ќе ги одмери силите со екипата на Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...