Шаќири го тресна Јунајтед, Ливерпул се врати на врвот

Ливерпул го доби големото дерби против Манчестер јунајтед на „Енфилд роуд“ со 3-1 и се врати на врвот на табелата во Премиер – лигата со 45 бода, еден повеќе од актуелниот првак Манчестер сити. Швајцарскиот интернационалец Џердан Шаќири беше џокерот на Јирген Клоп, влезе од клупата во второто полувреме и со два гола ги потопи „црвените ѓаволи“. Ливерпул и понатаму е единствениот непоразен тим во англискиот шампионат, по 17 одиграни кола.

Садио Мане го доведе Ливерпул во водство во 24.минута, но Јунајтед израмни девет минути подоцна со погодокот на Џес Лингард, а по големата грешка на домашниот голман Алисон Бекер.

Дваесет минути пред крајот на мечот, Јирген Клоп го направи клучниот потег, и во игра на местото на Кеита го уфрли Шаќири. Тој му возврати со два гола и стана херој на дербито. Во 73.минута постигна погодок за водство од 2-1, а седум минути подоцна уште еднаш го совлада Давид де Хеа.

Се вчитува...