Шаќири и пресуди на Србија со гол во 90. минута… (ВИДЕО)

Швајцарија со пресврт славеше со 1-2 против Србија во меѓусебниот натпревар од 2. коло во Групата Е на Светското првенство во Русија, на тој начин сериозно трасирајќи си го патот кон осминафиналето.

Во две различни полувремиња, Швајцарците беа далеку подобри во вториот дел стигнувајќи до триумф во 90. минута со погодокот од контра напад на Џердан Шаќири.

Претходно, Србија повеќе со голот на Митровиќ уште во 5. минута, а израмни на 1-1 Гранит Џака во 52. минута…


По оваа победа на Швајцарија ќе и биде неопходно и само реми со Костарика за пласман во осминафиналето, додека Србија ќе мора да го совлада Бразил доколку сака пласман понатаму на Мундијалот 2018.

Се вчитува...