Швајцарскиот репрезентативец со албанско потекло, Џердан Шаќири вели дека воопшто не стравува да патува за Белград како дел од тимот на Ливерпул кој ќе и гостува на Црвена ѕвезда на 6 ноември, во рамките на Лигата на шампиони.
Шаќири, како што е познато, на Светското првенство во Русија даде гол против Србија и го прослави гестикулирајќи „двоглав орел“, поради што беше мета на критики, како во Србија, така и во Швајцарија. Денеска, офанзивниот играч за врска одговори на најавите дека во Белград ќе биде изложен на голем притисок пред полните трибини во главниот град на Србија.
„Не стравувам од ништо и од никого. Видов што се пишува по медиумите, но уште сега кажувам дека ќе патувам сосема нормално во Белград за да играм фудбал. Ништо друго не ме интересира. Од никого не се плашам“ – вели Шаќири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА