Шаќири: Не стравувам од одење во Белград

Крилниот фудбалер на Ливерпул, Џердан Шаќири е во центарот на вниманието на пресметките меѓу „црвените“ и Црвена Звезда во Лигата на шампионите. Сето тоа поради неговите прослави на головите против Србија на Светското првенство во Русија.

Но, Шаќири по синоќешниот дуел на „Енфилд“ меѓу двата тима на кој славеше Ливерпул со 4-0, вели дека не стравува од никакво гостување во Белград…

„Не стравувам… Видов неколку пишувања на таа тема, но мене и не ми е гајле што зборуваат луѓето. Ќе одам во Белград да играм фудбал, и тоа нема никаква врска со политиката. Ништо друго не ме интересира, одам таму само да победиме на натпреварот“ – вели Шаќири, кој ги прокоментира и свирежите од страна на „Делиите“ на синоќешниот дуел на „Енфилд“.

„Тоа веќе ми се случи на Мундијалот, но сето тоа го поднесувам без никаков проблем“ – вели Шаќири.

Се вчитува...