Џердан Шаќири и официјално е нов член на Ливерпул откако гигантот од „Енфилд роуд“ вечерва го потврди трансферот на швајцарскиот интернационалец од таборот на Стоук. Ливерпул плати 13,75 милиони фунти за активирање на клаузулата за раскин на договорот со Стоук, поради испаѓањето на овој тим од елитното друштво, по што Шаќири ексспресно ги договори личните услови и вечерва го потпиша долгогодишниот договор со тимот на Јирген Клоп.
„Пресреќен сум што сум овде, дојдов во огромен клуб со богата историја, големи играчи и фантастичен тренер. Пред неколку години сакав да дојдам, но трансферот се искомпликува, затоа денеска сум уште посреќен што потпишав за Ливерпул. Сакам уште повеќе да напредувам како играч, да играм со најдобрите и да освојувам трофеи. Затоа дојдов овде“ – изјави Шаќири, кој ќе го носи дресот со број 23 во новиот клуб.
Тој е третото засилување на Ливерпул во овој преоден рок, откако претходно на „Енфилд“ пристигнаа и Бразилецот Фабињо од Монако, како и Наби Кеита од редовите на Лајпциг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА