Шакота е нов тренер на Црвена Звезда

Црвена Звезда ја заврши потрагата по нов тренер откако денеска го именуваше Драган Шакота за нов шеф на стручниот штаб. Тој доаѓа како долгорочно решение за наследник на Милан Томиќ, откако во последните неколку седмици улогата на привремен тренер ја извршуваше Андрија Гавриловиќ.

„Црвена Звезда е претставник на Србија во Евролигата, институција во сите спортови и армија од навивачи, па не е тешко да ја прифатите понудата од овој клуб кога ќе стигне до вас. Дојдов да освојувам трофеи, да обезбедиме што победи во Евролигата, без оптоварувања да се направи спектакуларен резултат“ – изјави 67-годишниот Шакота.

Овој искусен стратег претходно седеше на клупата на Црвена Звезда во периодот од 2005 до 2007 година, а во 2006 го освои Купот на Србија, со победата во финалето над екипата на Хемофарм.

Се вчитува...