Шаландес: Македонија е силна репрезентација, но ние имаме наш сон што сакаме да го исполниме

Фудбалската репрезентација на Косово го има истиот сон како и Македонија, да се пласира на Европско првенство преку плејофот во Лигата на нации. Само еден ќе биде победник на утрешниот меч, го знае тоа селекторот Бернард Шаландес и верува дека тоа е ќе биде неговата селекција. Не се комплетни, но се максимално мотивирани да успеат.

„Македонија е силна репрезентација, еден навистина комплетен тим, ги гледав и анализирав сите нивни натпревари од сегашниот и од изминатиот циклус. Ние имаме проблеми, ни недостигаат важни фудбалери, но мечот е утре и мора да играме. Мислам дека фудбалерите се максимално мотивирани и дека ќе успееме во нашата намера. Имаме наш сон што сакаме да го исполниме“, изјави селекторот на Косово на денешната прес – конференција.

Се вчитува...