Шаландес: Не одигравме на ниво, заслужена победа на Македонија

Македонија е на чекор од најголемиот успех во фудбалската историја. Во полуфиналето од плеј-офот за пласман на Евро 2021 „црвено-жолтите“ го совладаа Косово со 2-1.

„И честитам на Македонија за победата. Беше тежок натпревар. Првото полувреме игравме добро. Од две шанси примивме два гола, особено првиот кој што беше навистина несреќен. Вториот гол беше одличен центаршут на Македонија, кој ние не го одбранивме како што треба. Во второто полувреме нема многу што да коментирам. Не одигравме на ниво. Моравме да ризикуваме, што отвораше шанси за Македонија преку контранапади да не загрозат, изјави Бернард Шаландес селектор на репрезентацијата на Косово.

Македонија историскиот натпревар за пласман на Евро 2021 ќе го игра на 12. ноември против Грузија.

Се вчитува...