Шалке 04 и Чурлинов го освоија Дрезден, Ингелштад едвај до победа (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, со својот Шалке 04, и натаму продолжуваат со активната битка за промоција во Бундеслигата откако славеа со 1-2 на гостувањето против Динамо Дрезден во 28. коло од Втората германска лига.

Шалке имаше предност од 0-2 по 50 минути игра со двата гола на Тероде, а домашните до крајот единствено успеаја да го ублажат поразот.

 

Чурлинов, кој вчера се приклучи на тимот директно во Дрезден по репрезентативните активности, во игра влезе во 63. минута играјќи квалитетен половина час.

Ингелштад на Висар Муслиу, пак, победи со 3-2 против Ауе со гол во 90. минута. Муслиу кој го одигра целиот натпревар беше стрелец на вториот погодок за својот тим.

Се вчитува...