Шалке чести: Бесплатно пиво на стадион за мечот против Лајпциг

Отворањето на новата сезона во Бундеслигата ќе биде вистинско славје во Шалке. Германскиот клуб ќе дава бесплатно пиво на секој навивач над 16 години кој ќе присуствува на мечот од првото коло против Лајпциг, на „Велтинс“ арената.

Од раководството сметаат дека со ваквиот добар гест, навивачите ќе бидат во добро расположение на трибини, па со бодрење да помогнат на тимот да ја оствари првата победа на стартот од сезоната. Некои критичари сметаат дека овој потег е одвлекување на вниманието на фановите за недостигот на нови фудбалери ова лето, односно звучни имиња. Сепак, Шалке беше доста активен на пазарот, покрај тоа што ги откупи Конопљанка и Бенталеб, клубот доведе уште четири фудбалери.

Вистинската причина за гестот на Шалке е недостигот на успех. Во последно време клубот од Гелзенгирхен се мачи и во домашната лига и европските купови, па сметаат дека навивачите треба да се во добро расположение во секое време, и кога победува Шалке и кога губи.

Се вчитува...