Шалке го претстави Ведад Ибишевиќ

Интернационалецот од Босна и Херцеговина, Ведад Ибишевиќ е нов фудбалер на бундеслигашот Шалке 04. Тој потпиша едногодишен договор со клубот од Гелзенкирхен. Ибишевиќ го избра дресот со број „11“, а ќе заработува „скромни“ 100.000 евра месечно.

Ибишевиќ претходните пет години настапуваше за Херта Берлин, а во кариерата го носеше и дресот на Хофенхајм.

 

Се вчитува...