Шалке го „шутна“ тренерот Вагнер

Давид Вагнер од денеска повеќе не е тренер на Шалке, откако клупските директори го загубија трпението со овој стратег, кој цели 18 натпревари не знаеше за триумф.

Вагнер катастрофално ја завршии ланската сезона, последната победа бележејќи ја уште во јануари над Борусија Менхенгладбах. По фијаското на отворањето на сезоната против Баерн (8-0), Шалке се посрамоти и на првиот домашен меч против просечниот Вердер (1-3), по што разделбата стана неизбежна. Во изминатите 18 бундеслигашки натпревари клубот од Гелзенкирхен освои само шест бода, прими 49 гола, осум од нив автоголови, по што денешниот итен состанок на управата го донесе очекуваниот резултат – отказ за Вагнер.

Главен фаворит за нов предводник на Шалке е Ралф Рангник, кој извиси за тренерското место во Милан, а во меѓувреме доби и отказ од директорската функција во Лајпциг.

Се вчитува...