Шалке им постави ултиматум на навивачите на Баерн Минхен

Шалке 04 во вторник на својот стадион ќе го пречека Баерн Минхен во натпревар од четвртфиналето на германскиот куп. Од клубот издадоа соопштение во кое практично му поставија ултиматум на баварскиот гигант и неговите навивачи. Од клубот порачаа дека доколку дојде до навреда на сопственикот на Хофенхајм, Дитмар Хоп, тимот од Гелзенкирхен веднаш ќе го напушти теренот.

„Нема место за омраза, насилство и клевета“, стои во соопштението од Шалке. 

Во соопштението се наведува како сите оние кои нема да го почитуваат правилникот околу однесувањето ќе бидат исфрлени од стадионот. За потсетување навивачите на Баерн во текот на натпреварот со Хофенхајм, претседателот на клубот Хоп го нарекуваа идиот, а мечот во еден момент беше прекинат. Раководството на Баерн Минхен се огради од испадатите на своите навивачи.

Се вчитува...