Шалке продолжува со катастрофите во Бундес-лигата

Лајпциг славеше со убедливи 4-0 на дуелот со Шалке, последен на денешната програма во Бундес-лигата. Гостите допатуваа на овој меч со нов тренер, откако примија катастрофални 11 гола во првите два меча, но денеска повторно одиграа потпросечно и се враќаат дома без ниту еден постигнат и четири примени погодоци.

Прашањето на победникот беше решено од 31. до 45. минута, период во кој Лајпциг поведе со 3-0. Првиот погодок беше автогол на Боздоган, по што Анџелињо и Орбан ставија печат на триумфот. Конечните 4-0 од пенал ги постави Халстенбергер во 80. минута.

Се вчитува...