Шалке со играч помалку немоќен против Келн (ВИДЕО)

Екипата на Шалке имаше поразителен „кам-бек“ во најдобрата Бундеслига, откако загуби на гостувањето кај Келн со 3-1. Дополнителен проблем за Шалке претставуваше фактот што уште во 35. минута останаа со играч помалку откако исклучен беше Дрекслер.

Во 49. минута Килиан постигна гол за водство, а во 65. минута Кајнц донесе 2-0. Балтер намали за Шалке во 76. минута, а Љубичиќ со трет гол во 80. минута ја запечати победата на Келн.

Келн доминираше во текот на целиот меч, имаше неверојатни вкупно 30 удари кон голот на Шалке, од кои 10 беа во рамките на голот.

Се вчитува...