Шалке во нови преговори за Чурлинов

Дарко Чурлинов би можел да се врати назад во Шалке откако клубот од Гелзенкирхен повторно ги активираше преговорите со Барнли за агажман на македонскиот репрезентативец.

Нашиот крилен офанзивец му помогна на Шалке да влезе од Втората во првата лига, но по истекот на позајмицата се врати во Штутгарт, од каде беше продаден во Барнли. Чурлинов не доби преголема минутажа во англискиот клуб, тој не ја криеше желбата да се врати назад во Шалке, но ситуацијата се искомпликува по болеста што ја имаше на крајот од ланската сезона, која го оддалечи неколку месеци од терените.

Чурлинов ја доби најважната битка, во последните месеци редовно тренира и настапува за младинскиот тим на Барнли. Шалке продолжи да ја следи неговата состојба, а штом Македонецот покажа дека може да игра на високо ниво, веднаш беа стартувани преговорите со Барнли за позајмица најмалку на шест месеци.

Компани воопшто не смета на нашиот интернационалец кој не е вклучен во листата на играчи пријавени за настап во Премиер-лигата, па белгискиот стручњак би можел да даде зелено светло за трансфер. Ова сигурно би било одлично и за самиот Чурлинов, кој би заминал во клуб каде добро ја познава средината, но и би добил натпревари во континуитет што би му помогнале да се врати во посакуваната форма.

Се вчитува...