Шалке во слободен пад, Аугсбург лесно до триумф

Аугсбург ја прекина низата од четири меча без победа во Бундес-лигата и славеше на гости против Шалке со 0-3. Домаќинот доживеа пораз и на вториот дуел откако германското првенство се врати на сцена по пандемијата на коронавирусот.

Едуард Левен од слободен удар по само шест минути игра донесе предност за гостите, а триумфот беше потврден во финишот од средбата. Саренрен – Базе зголеми на 0-2 во 76.минута, додека конечниот резултат го постави Серхио Кородова во 91.минута.

Се вчитува...