Шампионката Гоф: Имав многу среќа во животот

Американската тениска надеж Кори Гоф е новата шампионка на последниот гранд-слем турнир во сезоната УС опен.

Популарната Коко во феноменалното финале на „Артур Еш“ стадионот славеше над Белорусинката Арина Сабаљенка со 2-1 по сетови 2-6, 6-3 и 6-2.

Ден по големата титулата таа во изјава за американските медиуми вели дека имала многу среќа во животот и благодарна е за тоа на Бог.

„Верата во Бог е многу важна за мене. Не барам резултати, туку сила да дадам се од себе. Имав многу среќа во животот и сега останав без зборови. Знаев дека ако Не дадов се од себе Немав шанси, бидејќи Арина е неверојатна играчка, многу пријатна личност и го заслужи првото место на светот. Освен тоа, нејзината борбеност го прави овој спорт многу подобар“, изјави Гоф. 

Се вчитува...