Шампионот го врати брејкот во Сан Антонио

Оклахома Сити тандер славеше со убедливи 108-123 на гостувањето во Сан Антонио, враќајќи го „брејкот“ што го загуби на првиот меч и поведувајќи со 2-1 во финалната серија од Западната конференција.

Предводени од Гилџус Александер актуелните шампиони одиграа уште еден беспрекорен офанзивен меч, во кој Сан Антонио имаше водство само во првата четвртина (31-26). Оклахома Сити потоа го доби вториот период со 20-32, го сврте резултатот во своја полза и го контролираше мечот до самиот крја, триумфирајќи со убедливи „плус 15“.

Гилџус Александер беше во главна улога со 26 поени и 12 скокови, Мекеин постигна 20, а Вилијамс 18 поени за Оклахома Сити, додека најистакнати во редовите на Сан Антонио беа Вембењама со 26 поени и Васел со 20 поени.

Се вчитува...