Шампионот ќе има шанса да го одбрани трофејот – Ефес преку Милано до Ф4 во Белград

Анадолу Ефес е вториот патник на „Фајнал 4“ турнирот во Белград по Реал Мадрид откако турскиот тим славеше во четвртиот натпревар од четвртфиналната серија против Милано со -, со што со вкупни 3-1 се пласираше меѓу најдобрите четири тима на „стариот контитнент“.

Ефес подобро го започна натпреварот и стигна до предност од 19-11 по првата четвртина, но гостите одговорија со одлична игра во нападот во вторите десет минути кои ги добија со 23-32 за минимална предност. Турскиот состав ги консолидираше своите редови на полувремето по што во третата четвртина повторно ја врати предност во свои раце (62-58), но гостите се вратија во последниот дел, а во во неизвесната завршница при резултат 71-68 имаа два обида за три поени за изедначување, но откако не успеаја да во своите обиди, мираната рака на домашните кошаркари од линијата за слободни фрлања донесе нов пласман на завршницата на Евролигата.

Плаис со 25 поени и 6 скока беше лидер на Ефес, додека него го следеше Мициќ со 20 поени, 5 скока и 4 асистенции. 21 поен за гостите постигна Датоме, а дабл-дабл од 10 поени и 12 скока забележа Хајнс.

Се вчитува...