Шампионот на Европа го потврди екстра засилувањето (ФОТО)

Актуелниот шампион на Европа, Анадолу Ефес во следната сезона ќе може да смета на услугите на Вил Клајбурн. Шпекулациите за можен трансфер на Американецот во Истанбул, турскиот клуб денеска ги потврди со официјализирање на соработката.

Триесетидвегодишникот се наметна како еден од најдобрите кошаркари во Евролигата носејќи го дресот на ЦСКА Москва од 2017 година, а по исфрлањето на руските тимови од елитното натпреварување се одлучи за враќање во Турција каде бележеше настапи за Дарушафака во сезоната 2016/17.\

Крилото во сезоната 2021/22 за московскиот состав одигра 17 натпревари во Евролигата каде забележа просек од 15.0 поени, 5.4 скока и 1.5 асистенции.

Се вчитува...