Шампионот на Италија со нов тренер – замина Ѓорѓевиќ дојде Скариоло (ФОТО)

Виртус Болоња по десет години повторно стигна до трофејот во италијанското првенство откако во финалната серија со „метла“ го збриша еворлигашот Олимпија Милано, меѓутоа ни тоа не беше доволно за гигантот да ја продолжи соработката со тренерот Александар Ѓорѓевиќ.

Пресудија недоразбирањата кои клубот и тренерот ги имаа на средината на сезоната кога Србинот одби да го вклучи Марко Белинели во својот тим ден по потпишувањето на договорот со Италијанецот и ја расипа промоцијата на играчот кои ја подготвија богатите газди.

Наследник на Ѓорѓевиќ на клупата на тимот од Болоња ќе биде Сергио Скариоло кој во гигантот доаѓа од редовите на Торонто Рапторс каде три години беше асистент во НБА лигата.

Се вчитува...