Шампионот од 2019 е нов тренер на Филаделфија

Кошаркарите на Филаделфија 76 од следната сезона ќе бидат предводени од Ник Нурс, објавија американските медиуми. Тој ќе го замени Док Риверс, кој доби отказ по уште една разочарувачка плејоф серија за „76“.

Нрс ги помина претходните пет години во Торонто пред да биде отпуштен на крајот на април по поразот во плејоин мечот од Чикаго Булс.

Со Репторс ја освои шампионската титула во 2019 година, со тимот предводен од Кавај Ленард. За заслугите во таа титула беше награден во 2020 година, кога беше прогласен за тренер на годината.

 

Се вчитува...