Шампионот понижен на стартот од новата НБА сезона (ВИДЕО)

Како ретко кога во минатото, НБА-шампионот имал така понижувачки старт на нова сезона. ЛА Лејкерс со пораз од градскиот ривал ЛА Клиперс ја почнаа сезона, во натпреварот во кој Клиперс имаа фуриозен старт па брзо се стекнаа со предност од дури 39-17.

Сето тоа понатака значеше мудра контрола на натпреварот за конечна победа од 116-109.

Пол Џорџ со 33 поени и Каваи Ленард со 26 поени беа најпрецизни во победничкиот тим, додека Леброн Џејмс беше најефикасен кај шампионот со 22 поени.

Во првиот натпревар од новата НБА сезона, пак, Бруклин убедливо со 125-99 славеше против Голден стејт.

Кајл Ирвин во победничкиот тим заврши со 26 поени, Кевин Дурант имаше 22 поени, а на спротивната страна Стеф Кари запиша 20 поени, дополнети и со 10 асистенции.

Се вчитува...