Шампионот Шкендија почна со подготовки за ЛШ (ВИДЕО)

Освојувачот на двојната круна во македонскиот фудбал, тимот на Шкендија, денеска ги почна подготовките за настап во квалификациите за Лигата на шампионите. Тренерот Ќатип Османи засега има на располагање две нови имиња, Ремзифаик Селмани и Константин Чешмеџиев, а најголем дел од стандардните првотимци ги продолжија договорите со клубот. Се уште е неизвесно дали досегашниот капитен Ферхан Хасани ќе остане во клубот или пак ќе направи трансфер во странство. Тој не присуствуваше на денешниот тренинг.

Фудбалерите денеска ги имаа задолжителните мерења и почнаа со лесни тренинзи, а тренерот Ќатип Османи набрзо ќе го засили ритамот.

Се вчитува...