Шампионот со репрезентативно засилување: Бојан Димоски се враќа во Вардар!?

Македонскиот првак Вардар продолжува да го гради тимот за квалификациите во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ денеска ги почнуваат со подготовките, а во своите редови веќе го донесоа репрезентативецот на Луксембург, Жерсон Родригез како и младиот голман Младен Диковски од АП Брера.

Во следните денови би требало да „парафираат“ уште неколку имиња. Прв од оние кои се очекува да потпишат е Мигуел Пиреш од Силекс, а пред потпис со Вардар е и повремениот репрезентативец Бојан Димоски. Левиот бек би требало деновиве да го комплетира своето враќање во редовите на првакот.

Доколку потпише за овој тим, тоа ќе биде враќање по цели шест години. Димоски од Вардар потоа замина во Брера, па преку Партизан, во Акрон Тољати, а од таму во ТСЦ Бачка Топола. Но, откако оваа екипа испадна, тој треба да ја заврши позајмицата и да се врати во Русија. Меѓутоа од Акрон му даваат одврзани раце да си побара нов клуб, а Вардар се очекува да реагира и да го врати во своите редови.

24-годишниот Димоски има репрезентативно искуство, со тоа што настапи за националниот тим дури 21 пат.

Се вчитува...