Шампионски дресови за љубителите на малиот фудбал – Mozzart награди футсал клуб

Компанијата Mozzart продолжува да пружа спортска поддршка од најниско до највисоко ниво на фудбалските клубови низ земјава, преку кампањата „Нови дресови за нови шампиони“, преку која досега се опремени безброј спортски колективи.

Покрај професионалните спортисти, поддршка пристигна и за љубителите на малиот фудбал, а компанијата Mozzart му додели нови дресови на футсал клубот „Арбен Бајрами“ од Скопје. Моментално настапуваат во првата македонска футсал лига, а оваа сезона го освоија државниот куп.

„Во овој момент не е лесно да се најдат спонзори и донатори, така што секоја помош ни значи многу. Благодарни сме на компанијата Mozzart за донирањето дресови и се надеваме дека ќе продолжиме со нашата успешна соработка“, изјавија од футсал клубот „Арбен Бајрами“.

Регионалниот лидер во приредување игри на среќа преку проектот „Нови дресови за нови шампиони“ се обидува да обезбеди подобри услови за нисколигашите од повеќе спортови.

„Секогаш сме тука да поддржуваме екипи од различни спортски сфери, од пониски лиги до суперлигаши, но и претставници од други спортови, што го покажува оваа донација. Се надеваме дека футсалците ќе го продолжат патот кон успехот во новите дресови“, потенцираа од компанијата Mozzart.

Се вчитува...