Шампионски голгетер за шампионот: Варди е изненадувањето на Челси

Челси подготвува изненадувачка понуда за напаѓачот на Лестер, Џејми Варди, најавува британскиот весник „Мирор“. Антонио Конте и покрај доаѓањето на Мората посакува уште еден голгетер на располагање, а најдобриот стрелец на „лисиците“ од сезоната 2015/16 e можеби идеалното решение за италијанскиот стратег, за чии услуги Челси е подготвен да плати 35 милиони фунти.

Покрај Варди, актуелниот англиски првак прави напори да го доведе и соиграчот на 30-годишниот голгетер од Лестер, Дени Дринквотер. „Сините“ еднаш му „наштетија“ на Лестер, купувајќи го нивниот најдобар играч од шампионската сезона, Нголо Канте.

Стартот во Премиер-лигата не беше според планот на Челси, и во двата натпревари против Барнли и Тотенхем се чувствуваше недостиг на искуство во нападот. Јасно е дека Конте не може да се потпре само на Мората и Батшуаји, знаејќи дека сезонава ќе се натпреваруваат на четири фронта.

Лил се појави со понуда за Мичи Батшуаји која Челси тешко може да ја одбие, со оглед на тоа дека се работи за понуда од 36 милиони евра, клубот не би бил во тотална загуба бидејќи за Белгиецот исплатија 40 милиони евра пред почетокот на минатата сезона. Тоа е причина повеќе за Конте и Еменало да започнат преговори за ангажманот на Варди.

 

Се вчитува...