Ред Бул го промовираше болидот за одбрана на шампионската титула освоена во драматичната завршница на претходната сезона. Истиот ќе го носи називот RB18 и бележи голема разлика во однос на претходната година.
На промоцијата на новиот болид говореше и Макс Ферстапен кој вели дека е подготвен за новата сезона за која не чувствува дополнителен притисок бидејќи е шампион.
„Подготвен сум повторно да возам. Се чувствувам добро и најважно е да се подготвам за новата сезона на најдобар можен начин особено со промената на правилата. За болидот не знам што да очекувам, но се радувам на искуството кое ќе го добијам на стазата. Не чувствувам дополнителен притисок бидејќи сум шампион. Ќе продолжам да го правам тоа што го правев до сега. Едвај чекам да излезам на стазата“, вели Ферстапен.
Introducing the lean, mean, #RB18 🔥 #F1 pic.twitter.com/8RldKjT4cE
— Oracle Red Bull Racing (@redbullracing) February 9, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА