Шампионско срце: „Кралевите“ воскреснаа на „Ел Мадригал“

Веќе во нокдаун по последниот пораз од Валенсија, фудбалерите на Реал Мадрид се наоѓаа на работ на амбисот откако по шеесет минути игра губеа со 2-0 на гостувањето против Вилјареал. Сепак, „кралевите“ покажаа шампионски карактер, па предводени од „резервистите“ Иско и Мората успеаја не само да се вратат, туку и целосно да го свртат резултатот во своја полза, стигнувајќи до огромна победа со која остануваат пред Барселона во трката за титулата во Примера.

И двете екипи имаа по неколку неискористени шанси во првиот дел, но тоа беше само најава за суперинтересното второ полувреме на „Ел Мадригал“. Вилјареал беше тимот што доминираше на почетокот, па за десетина минути „подморницата“ набрзина поведе со 2-0. Тригерос со прекрасен удар го доведе домашниот тим во водство, а на 2-0 зголеми Бакамбу, кој одлично се снајде крај Рамос, го мина капитенот на Реал, па потоа рутински го совлада Кејлор Навас.

Реал не се предаде, актуелниот европски првак целосно ја пресели играта пред шеснаесетникот на домаќините, а таквиот пристап вроди со плод. Герет Бејл уште еднаш покажа колку е значаен за својот тим постигнувајќи гол со кој Реал се врати во живот, потоа Роналдо израмни од сомнителен пенал, за пресвртот да го комплетира Алваро Мората, кој беше прецизен со глава во 83. минута, само шест минути откако го замени индиспонираниот Бензема.

Реал Мадрид со овој триумф ја задржа предноста од еден бод во однос на Барселона, а „кралевите“ имаат и мечо помалку, оној на гостувањето во Виго против Селта.

Manuel Trigueros Goal HD – Villarreal 1-0 Real… by Gol-Live

Cedric Bakambu Goal HD – Villarreal 2-0 Real… by fotlive2

Gareth Bale Goal HD – Villareal 2 -1 Real… by LiveFootball28

Cristiano Ronaldo Penalty Goal HD Villarreal 2… by dailymotionfootballgoals

Morata GOAL (2:3) Villarreal vs Real Madrid by OfficialGoals

Се вчитува...