Шпанецот доби комплимент од Швајцарецот: Федерер сака неговите деца да тренираат тенис во академијата на Надал

Роџер Федерер и Рафаел Надал важат за големи ривали на теренот и во минатото редовно се среќаваа еден против друг во финалињата на големите турнири, но тие воедно се и големи пријатели надвор до теренот.

Секогаш постоела голема почит помеѓу двајцата легендарни тенисери. Моментално и Федерер и Надал се повредени и се фокусирани на рехабилитацијата и враќање на терените на стартот на 2022 година.

Швајцарскиот тенисер имаше големи комплименти за работата на Рафаел Надал и неговата тениска академија во родниот град Менорка во Шпанија.

„Довербата е клуч. Рафа е некој на кому му верувам. Тој го сака најдоброто за своите ученици. Навистина се надевам дека еден ден ќе можам да ги испратам моите деца таму во академијата“, рече Федерер.

Се вчитува...