Шанса за Елмас – Наполи без половина тим го пречекува Јувентус

Џенаро Гатузо се соочува со големи проблеми пред неделното дерби против Јувентус во Серија А. Тимот од Неапол кој лошата форма во домашното првенство ја вади со одличните партии во Копа Италија, има голем проблем со повредени фудбалери пред натпреварот во недела на кој ќе го пречека актуелниот шампион, Јувентус.

Гатузо на мечот нема да може да смета на Калиду Кулибали, Дриес Мертенс и Алан. Ова значи дека се отвора шанса за македонскиот дијамант Елиф Елмас, кој би можел да го стартува мечот откако беше пофален од тренерето на „наполитанците“ по одиграните триесетина минути во победата над Лацио од 1-0 во Копа Италија.

 

Се вчитува...