Шанса за МЗТ Скопје: АБА-лига го промени системот за натпреварување

Собранието на АБА-лигата денеска донесе одлука за промена на системот на натпреварување, поточно на делот од плејоф натпреварувањето по завршувањето на регуларниот дел од сезоната.

Имено, од оваа сезона место во плејофот ќе обезбедат осумте најдобри екипи од регуларниот дел од сезоната наместо досегашните шест. Според ланскиот систем, првите два тима од регуларниот дел имаа директно учество во полуфиналето, но со промената сега се воведува класичен „костур“ од осум тима, со четвртфинале, полуфинале и големо финале.

Според изгласаните пропозиции, четвртфиналните и полуфиналните серии ќе се играат до два добиени меча, додека финалето ќе биде решено со „најдобар од пет“ серија.

Ова е од корист и за македонскиот првак МЗТ Скопје, кој по неколку сезони пауза се враќа во елитното кошаркарско регионално друштво. Јасно е дека приоритет за „металците“ ќе биде опстанок во АБА1, но со промената на ситемот се дава шанса со малку среќа и со напорна работа македонскиот шампион да се вмеша и во борбата за Топ 8 и место во четвртфиналето.

Се вчитува...