Шанса за одмазда: Ако го мине Дуделанж, Шкендија во 3. коло против поразениот од мечот меѓу Селтик и Номе Калју

Шкендија може да добие можност да се одмазди на естонски Номе Калју за елиминацијата во 1. квалификациско коло, откако денешната ждрепка во Нион за 3. квалификациско коло во Лига Европа сакаше тетовци за противник, доколку го победат Дуделанж, да се соочат со поразениот од мечот меѓу Селтик и Номе Калју.

Македонскиот шампион најпрво го очекува пресметката од 2. квалификациско коло во Лига Европа против Дуделанж. Ако го мине ова коло Шкендија ќе игра против поразениот состав од двомечот од 2. квалификациско коло во Лигата на шампионите меѓу Селтик и Номе Калју.

Се вчитува...