Шансите за Работнички, головите за Вардар (Видео)

Вардар му врати мило за драго на Работнички за поразот во првиот дел од сезонава, триумфирајќи на денешното градско дерби со 2-0. Во меч кој беше дијаметрална спротивност на дуелот од првиот дел од сезоната, овојпат Работнички беше тимот што создаде повеќе шанси, но „црвено-црните“ блаодарение на беспрекорната реализација стигнаа до трите бода, со кои ја одржаа солидната предност во однос на Шкендија.

Гачевски имаше две добри интервенции при резултат 0-0, пред Којашевиќ да го донесе шампионот во водство. „Романтичарите“ создадоа убави можности и во вториот дел, онаа најчистата ја промаши Рашо при 1-0, за на крајот репрезентативецот Николов да ги постави конечните 2-0 по извонредната соло-акција на Балотели.

Се вчитува...