Шаповалов: Ѓоковиќ е голем човек, луѓето не го фалат доволно

Денис Шаповалов прикажа одлична игра во вчерашното полуфинале на Вимблдон, но тоа беше недоволно да се стигне ниту до сет против Новак Ѓоковиќ, камоли да се изненади прворангираниот светски тенисер.

Талентираниот 22-годишен Канаѓанец откри дека Ѓоковиќ својата големина ја потврдил и веднаш по мечот, кога двајцата тенисери се наоѓале во соблекувалната. Шаповалов со солзи го напушти теренот, а кога се врати за да даде изјава ја потенцираше човечката величина на Србинот.

„Тој ми пријде во соблекувалната и почна да ме теши. Ми рече дека знае колку ми е тешко, но дека се ќе мине и ќе се вратам уште посилен. Новак не мораше да го направи тоа, но сепак реши да дојде и да ми помогне. Многу убав гест, само потврди дека е голем човек и луѓето не го фалат доволно за тој аспект од карактерот“, изјави Шаповалов.

Се вчитува...