Шаповалов ќе го предизвика Ѓоковиќ во полуфиналето на Вимблдон

Младиот канадски тенисер Денис Шаповалов ќе го предизвика Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Вимблдон, откако во маратонски меч во пет сета славеше над Русинот, Карен Хачанов со 3-2 (6-4, 3-6, 5-7, 6-1 и 6-4).

Канаѓанецот подобро го отвори мечот добивајќи го првиот сет, по што следеше на малку поискусниот Русин во следните два. Сепак успеа да се консолидира и со одлична игра во четвртиот да израмни на 2-2.

Клучниот момент во петтиот сет се случи при резултат 4-4 кога Шаповалов стигна до брејк и на крај победи со 3-2.

Се вчитува...