Шарапова: Имаше денови кога не знаев каде сум

Некогаш најдобрата тенисерка во светот, Марија Шарапова, на годинашниот Австралија Опен ќе го игра својот 55.гранслем во кариерата. Противничка на Русинката ќе и биде 22-годишната Британка, Хериет Дарт.

Шарапова моментно е на 30.место на ВТА листата, последниот гранслем го освои пред пет години во Париз, но таа се уште е опасна на противничките и атрактивна за јавноста.

Играв овде во Мелбурн уште од јуниорските денови. Кога го примив првиот пехар за второ место, се надевав дека еден ден ќе го освојам и сениорскиот турнир. Одиграв овде многу големи мечеви. Некогаш победував, некогаш губев, но од сите нив научив многу“ – изјави Шарапова пред стартот на Австралија Опен.

Марија Шарапова токму на овој турнир во 2016 година падна на допинг тестот. Русинката беше позитивна на супстанца која стана забранета неколку недели пред тоа и тој момент од Мелбурн и го смени животот и кариерата. Шарапова доби две годни суспензија која подоцна и беше намалена на 15 месеци. После тоа освен на тенисот, Шарапова им се посвети и на другите работи во својот живот, стана активна во акциите за помош на жените и на децата и се уште е една од најомилените ликови во тенискиот свет.

Додека бев помлада мојот тенис се сведуваше на хотели и тренинзи. Искрено, имаме и моменти кога воопшто не разликував еден град од друг, не знаев каде сум. Сега сум постара и поискусна и многу повеќе уживам бидејќи имам свои рутини на кои сум навикната. Многу повеќе време поминувам во градовите во кои играм, ја запознавам културата, и се восхитувам на архитектурата или на нешто трето. Така се исклучувам од самото натпреварување и лудницата што ја носат тие две недели на големите турнири“ – открива Марија Шарапова.

Се вчитува...