Минатата недела дел од руските медиуми ја објавија веста дека Марија Шарапова се враќа на тенисот бидејќи објави видео од напорен тренинг во фитнес центар.
И целата приказна се покажа донекаде точна. Поранешната петкратна гранд-слем шампионка повторно ќе фати рекет во рака, но тоа нема да биде на тениски меч туку во пикlбол.
„Ќе играм на четврти февруари и тоа со Џон Мекинро, Штефи Граф и Андре Агаси. На тој ден ќе се одржи вториот Пиклбол слем во Мајами, на стадионот Хард Рок“, изјави Шарапова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА