Шарди во очај, бара совет за триумф против Ѓоковиќ

Францускиот тенисер Џереми Шарди, јавно побара совет за тоа како конечно да го победи Новак Ѓоковиќ. По триумфот во стартната рунда од мастерсот во Шангај, во второто коло, Шарди налетува на првиот претендент за титулата и затоа прашува како конечно по единаесетте порази во меѓусебните дуели, да најде клуч за успех против Србинот.

„Не пронајдов решение, би пробал нешто поинакво, па макар и да ме убие. Не е лесно да се верува во успех по сите тие порази во мечевите во кои не освоив ниту еден сет. Начинот на кој играв не даде резлтат. Пробав се, ако имате некоја идеја, слушам“ – изави Французинот во пресрет на дуелот.

Новак Ѓоковиќ кој досега има три титули од турнирот во Шангај, минатата година не учестуваше на овој Мастерс, не брани поени и со успех би дошол многу поблиску до преземање на првото место на АТП листата.

Се вчитува...