Шчепановиќ нов тренер на Партизан

Владо Шчепановиќ официјално е претставен како нов тренер на кошаркарскиот клуб Партизан. Шчепановиќ кој беше помошник во белградскиот клуб на клупата ќе го замени Италијанецот, Андреа Тринкиери, кој на крајот на јуни го напушти тимот. 42-годишникот претходно со Тринкиери соработуваше и во Бамберг и Будуќност, а како кошаркар беше дел од црно-белите во сезоната 2001/2002 и 2004 година.

 

Се вчитува...