Шефицата на Вилијамс лута: Нас ни Хамилтон не може да не спаси!

Првата дама во Ф1 тимот на Вилијамс, Клер Вилијамс, го изрази своето незадоволство од лошо завршената работа на стручниот тим во подготовката на болидот за оваа сезона.

Пред стартот на сезоната, многумина ја критикуваа екипата на Вилијамс поради одлуката болидите да им ги доверат на млади возачи како Ленс Строл и Сергеј Сиротки што се покажа како голема грешка.

Но шефицата на тимот, Клер Вилијамс има поинакво објаснување за лошите резултати во досегашниот дел од сезоната.

И Луис Хамилтон да го ставите во нашиот болид, не сум сигурна дека би направил некоја голема разлика. Жал ми е за Ленс и за Сергеј. Нивните болиди навистина немаат добри перформанси. Тие се млади, а често се на удар на критиките што не е праведно. Седнавме и признавме дека лошо ја завршивме работата“ – изјави Клер Вилијамс.

Тимот на Вилијамс оваа сезона има освоено само скромни четири бода благодарение на осмата позиција на Строл на трката за ГН на Азербејџан.

Се вчитува...