Шефкет Демири не е веќе претседател на Шкупи

Имаа големи амбиции, доведоа засилувања, инвестираа, но резултати нема. Најверојатно од тие причини, претседателот на Шкупи, Шефкет Демири, си заминува од клубот од Чаир. Како што информира Шкупи на својот официјален сајт, тој и понатаму ќе остане поддржувач на клубот.

„Секако, очекувавме дека ќе имаме многу поуспешен старт на сезоната, но нештата не се одвиваа според планот. Согледувајќи го фактот дека најголем дел од времето не го минувам во Македонија, одлучив дека е најдобро да отстапам од функцијата, но и понатаму ќе останам поддржувач на клубот. Се надевам дека многу брзо работите во Шкупи ќе тргнат во позитивна насока, а сега верувам и уште повеќе отколку пред почетокот на сезоната. Ги повикувам сите навивачи, и посебно „Шверцерите“, да дадат поддршка и сите заедно да излеземе од кризата“, изјави Шефкет Демири за официјалниот сајт на клубот.

Според најавите, инвеститорот „Груп Импекс“ и понатаму треба да биде дел од раководните органи на Шкупи.

Се вчитува...