Шефот на Ла Лига: Невозможно е Халанд да дојде во Барселона, Мбапе ќе оди во Реал

Претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас, зборуваше за можноста двајцата врвни напаѓачи Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе идната сезона да завршат во Шпанија. Тој кажа дека трансферот на Халанд во Барселона е невозможен, додека има чувство дека Мбапе ќе стане дел од Реал Мадрид.

„Ми се чини дека Дембеле ќе си оди од Барселона и нема да остане во Шпанија. Мбапе, доколку не го продолжи договорот ќе оди во Реал Мадрид. Имам такво претчуство“, рече Тебас.

Тој додаде дек трансферот на Халанд во Барселона не е можен, но не објасни зошто.

„Трансфер на Халанд во Барселона? Тоа не е можно“, изјави Тебас.

Веројатно се мисли на тоа дека Барселона го има надминато лимитот за плати, и ќе мора и натаму да крати.

Се вчитува...