Оклахома ја победи Минесота Тимбервулвс со 118-103 изминатава ноќ, за водство од 2-0 во серијата во НБА лигата.
И вторпат Оклахома убедливо славеше, а новиот МВП, Шеј Гилџес-Александар беше најдобар поединец со 38 поени, три скока и осум асистенции. Џејлен Вилијамс постигна 26 поени и дополни со 10 скока и 5 асистенции, а Чет Холмгрен имаше двоцифрен број поени – 22 поени.
Од друга страна, кај Минесота, Ентони Едвардс беше најдобар поентер со 32 поени, 9 скока и 6 асистенции, додека Џејден МекДениелс имаше 22 поени и два скока, Никел Александар-Вокер имаше 17 поени, а Наз Рид заврши со 10 поени и 8 скока.
Минесота сега има огромен дефицит за бркање, по предноста на Оклахома од 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА