Шекил О’Нил: „Европската кошарка е подобра од НБА“

Легендарниот Шакил О’Нил вели дека европската кошарка е подобра од НБА, свесен за критиките што ќе ги добие од својата земја.

Шек се наоѓа во Литванија, каде што стана амбасадор на локалната компанија „НордВПН“, и ќе присуствува на натпреварот од Евролигата меѓу Жалгирис и Олимпијакос.

„Ми беше кажано дека ако сакам да ограбам нечија куќа вечерва, веројатно би можел бидејќи сите ќе бидат на натпреварот“, вели О’Нил, додавајќи:

„Бев на натпревар во Европа и беше диво. Па ќе видам колку интензивен и луд ќе биде овој натпревар“.

Тој истакнува дека во Европа сите играат колку што е можно повеќе од почетокот до крајот на сезоната.

„Знам дека играат 36 натпревари и знам дека европската кошарка е малку подобра од НБА. Знам дека ќе добијам многу критики затоа што го кажав тоа, но момците таму играат напорно 36 натпревари“, рече Шак.

„Имаме момци во НБА, тие некако се опуштаат до Ол-стар натпреварот или плејофот“, заклучи О’Нил.

Се вчитува...