Шекил О’Нил: НБА сезоната мора да се откаже…, кошарка под вакви услови не е решение

Легендарниот Шекил О’Нил смета дека треба да се заборави на прекинатата сезона, и веќе од сега да се размислува за новата сезона.

„Треба да ја откажеме сезоната, мора да продолжиме да се грижиме за безбедноста на играчите и сите лица вклучени во кошарката. Мразам да слушам како сите зборуваат дека сезоната ќе продолжи“ – вели О’Нил.

НБА во петокот им одобри на клубовите отворање на салите за тренинг во градовите во кои локалните власти тоа го дозволија. Но, само Кливленд и Портланд ги отворија.

Шекил вели дека прекинот, и двомесечната пауза, комплетно ја променил натпреварувачката слика и избрзаното враќање на терен може да донесе непосакувани ефекти.

„И да продолжи оваа сезона, ќе се игра под чудни околности и правила и сигурно секогаш ќе лебди прашањето дали сме го добиле вистинскиот шампион. И натпреварите без гледачи не се решение, а помислете дека во салата мора да има официјални лица, новинари, ТВ сниматели, па стручните штабови, техничките служби на клубовите. Тоа се многу лица, и доволно е само еден од нив да се зарази и се да упропасти. Мора да мислиме на кошаркарите и нивното здравје“ – вели Шекил О’Нил.

Се вчитува...