Шекил О’Нил за чудото од Денвер: Дали е можно? Мали, па ти имаш баш се…

Легендарниот Шекил О’Нил се огласи околу сензацијата на Денвер, Бол Бол, зборувајќи за него само во суперлативи.

Сепак, Шекил не е изненаден од тоа што Бол го покажа на подготвителните натпревари, бидејќи едно време и самиот го тренираше.

„Имав можност да го тренирам Бол заедно со мојот син. Тие двајца се слични, исклучително се талентирано, но само кога ќе ги ставите под притисок почнуваат со напорна работа. Се сеќавам дека пред натпреварот излегуваа по ноќни забави, па морав и да ги казнувам. Тогаш им кажав дека ‘ако продолжат така ќе ги исфрлам од тимот’. Но, може слободно да ви кажам дека Бол прави кошаркарски нешта кои никогаш не сум ги видел во животот. Размислував: ‘Па дали е ова можно? Малечок ти имаш баш се’. Мило ми е што сега го тренира Мајк Мелоун. Нема да го форсира, туку само полека“ – вели Шекил О’Нил.

Бол одигра досега три натпревари за Денвер во Орландо, просечно постигнувајќи 13,7 поени, дополнети и со 6,3 скока и три блокади по меч.

Се вчитува...