Второто коло од „Шпаркасе Лајф“ Првата лига-жени донесе неколку извонредни индивидуални остварувања. Три кошаркарки завршија со индекс поголем од 40, а највисок учинок имаше Шекина Рејчел од МЗТ Скопје Аеродром, која забележа 43 индексни поени.
Шекина Рејчел (МЗТ Скопје Аеродром)
Рејчел одигра одличен натпревар против Патриот 2016, постигнувајќи 32 поени и забележувајќи 18 скока, три асистенции и три блокади, заедно со по две освоени и загубени топки.
Таниа Гордон (Крива Паланка)
Зад неа се најдоа Таниа Гордон од Крива Паланка и Сања Адамовска од Баскет Кам, со по 41 индексен поен. Гордон имаше извонреден настап на дербито против Бадел 1862, со 40 поени, 13 скока, четири асистенции и четири освоени топки. Сепак, нејзиниот индивидуален ефект не беше доволен за победа на Крива Паланка.
Сања Адамовска (Баскет кам)
Адамовска, пак, повторно беше меѓу најзаслужните за добрата игра на Баскет Кам, кој стигна до втората сезонска победа. Таа натпреварот против Пробаскет го заврши со 25 поени, осум скока, осум асистенции и три освоени топки.
Марија Николов (Бадел 1862)
Меѓу најдобрите пет кошаркарки во колото се најдоа и Марија Николов од Бадел 1862 и Сара Максимовска од Баскет Кам, кои забележаа по 27 индексни поени. Николов беше најефикасна на дербито во Крива Паланка со 32 поени, вклучувајќи шест погодени тројки,
Сара Максимовска (Баскет кам)
Максимовска оствари дабл-дабл ефект од 15 поени и 14 скока, дополнет со пет асистенции и пет освоени топки.
Петорките на колото се формирани според бројот на реализирани индексни поени.
ПРВА ПЕТОРКА
Шекина Рејчел (МЗТ Скопје Аеродром)
Таниа Гордон (Крива Паланка)
Сања Адамовска (Баскет кам)
Марија Николов (Бадел 1862)
Сара Максимовска (Баскет кам)
ВТОРА ПЕТОРКА
Душица Мицева (Пробаскет)
Арин Фримен (Бадел 1862)
Линдзи Клири (Бадел 1862)
Јана Пислевска (Вардар)
Милица Николиќ (Вардар)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
